(Видео) Пред Градска болница се читаат имињата на повредените во автобуската несреќа

Пред Градската болница „8 Септември“ директорот на болницата Христијан Костов ги читаше имињата на повредените патници во сообраќајната несреќа кои не се во животна опасност.

Тој соопшти дека во болницата се починати 5 лица, од кои четворица мажи и една жена, но тие се уште не се идентификувани.

Семејствата и роднините се обидуваат да дознаат што повеќе информации за состојбата на нивните блиски. Дел од нив со солзи во очите чекаа за да ги слушнат имињата на нивните блиски, за да знаат дека тие се надвор од животна опасност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *