Документите на кои пишува „Северна Македонија“ ќе си ги платиме од џеб

Замената на патните документи и регистарските таблички ќе биде на товар на граѓаните, изјави владиниот портпаролот, Миле Бошњаковски, на прес-конференција во Владата.

Новите регистарски таблички, како што рече, се очекуваат да бидат издадени кон средината на мај, а патните документи кон крајот на годината. Тој појасни дека рокот за замената на старите патни исправи истекува за пет години во согласност со договорот со Грција.

Во меѓувреме, како што синоќа најави премиерот Зоран Заев, бесплатна ќе биде налепницата за возилата со ознаката NMK, кои ќе им бидат давани на граѓаните на граничните премини при излез од државата. Пасошите на граничните премини привремено ќе добиваат печат со Република Северна Македонија.

Бошњаковски додаде и дека Македонска Каменица и Македонски Брод нема да го менуваат името, а институциите тоа ќе треба да го направат за четири месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *