ООН и официјално добиле допис според кој од денес сме Република Северна Македонија

Обединетите нации потврдија денеска дека и официјално се информирани од македонската влада за новото име на земјата, Република Северна Македонија, изјавил официјален претставник на ОН.

„Го добивме известувањето за новото име и Советот за безбедност и Генералното собрание ќе бидат информирани веднаш“, изјавил претставник на ОН, кој побарал анонимност.

Македонија и Грција испратија заедничко писмо до генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *