Пенс: Русија се обидува да внесе раздор меѓу западните сојузници

Американскиот заменик-претседател, Мајк Пенс, ја обвини Русија дека се обидува да ги подели западните сојузници, користејќи ги енергетските резерви и нуклеарното оружје со кои располага, како и со обидот да се вмеша во изборите ширум Европа и светот.

„Москва се обидува да го подели нашето сојузништво со своите резерви на нафта и гас, нејзиниот нов арсенал на нуклеарно оружје и нејзините напори да се вмеша во изборите низ Европа и светот“, изјави Пенс за новинарите во Варшава, по состанокот со полскиот претседател, Анджеј Дуда.

Пенс рече дека во Полска не постои поголема закана од агресија од страна на источниот сосед.

Посетата на Пенс во Варшава, со која тој ја започна четиридневната посета на Европа, доаѓа во време кога Полска бара САД да изградат база во земјата, стравувајќи од можни интервенции на Русија, забележува агенцијата АП.

Американскиот потпретседател претходно се сретна со стотици полски и американски војници, кои се на служба во таа земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *