Социјализмот и планската економија во Венецуела: Печат на рака за сите кои го добиле својот дел

Во неслободно општество, во кое Владата ги планира ресурсите, како и понудатаа и потрошуачката кај обичните луѓе…ова е нормална глетка. Луѓето не се слободни меѓусебно да тргуваат како би ги задоволиле сопствените потреби. Не постои слободен пазар на кој понудувачите се борат да ги привлечат луѓето со квалитет и цени, нема слободна понуда и побарувачка која носи разновиден избор по различни цени.  Забрането е збогатување или осиромашување во зависност од служењето на пазарот… па на крајот сите се помалку продуктивни поради созданието дека ќе го добијат „својот еднаков дел“ како милостиња за послушност кон лидерот. 

Кога социјалната држава нагаѓа кои се и какви се потребите на сите луѓе, а не секој професионалец во сопствениот сектор, тогаш потребите на луѓето се сведуваат на долги редови, чекајки ја милоста на лидерот кој тој одлучил дека сме ја заслужиле. Токму тоа и се случува на Венецуела деновиве. Добивате печат на раката дека сте го земале она што ви го одредил лидерот, без разлика какви се вашите потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *